1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Сините“ од Лондон даваат 30 милиони и Торес за Кавани

„Сините“ од Лондон даваат 30 милиони и Торес за Кавани

edison_cavani

Челзи ќе се обиде да ја доведе ѕвездата на Наполи Единсон Кавани по шемата „пари плус играч“ и тие ќе им предложат на Италијанците 30 милиони евра и Фернандо Торес во замена.

За Шпанскиот напаѓач најверојатно нема да има место во новиот концепт на Жозе Мурињо. Затоа оттаму тие ќе се обидат да се ослободат од 28-годишниот голгетер, а новиот тренер на неаполитанците Рафаел Бенитез со сигурност би сакал да повторно да работи со својот сонародник.

Покрај се договорот ќе зависи од желбата на претседателот Аурелио де Лаурентис, за кого се верува дека нема да ги прифати наведените услови. Тој најавува дека би сакал да го земе целиот износ кој стои во ослободителната клаузула во договорот на Кавани, а тоа се 63 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП