2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатениот фудбалер во светот ќе биде Аршавин!

Најплатениот фудбалер во светот ќе биде Аршавин!

Andrei-Arshavin_2803872

Русинот Андреј Аршавин ќе стане најскапо платениот фудбалер на светот, најавуваат руските медиуми.

Аршавин кој по повеќегодишен престој во лондонски Арсенал сега е слободен играч, се очекува да потпише договор со тимот на Хазар Ланкаран од Азербејџан.

Конкретната сума за неговиот потпис на договорот со овој клуб не е официјално објавена, но затоа руските медиуми веќе побрзаа да објават дека Аршавин ќе биде најскапиот платен фудбалер во светот, односно дека тој месечно ќе заработува 400 илјади евра повеќе од најдобриот светски фудбалер Лионел Меси. Се шпекулира дека Аршавин ќе заработува  2 милиони евра месечно.

Ваквата информација нема многу да ги изненади познавачите на фудбалските прилики во светот, имајќи предвид колкава сума во изминативе неколку дена потроши повратникот во француската Лига 1 тимот на Монако.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП