Фудбалерите на ПСЖ во средата го победија Олимпик Марсеј 3-0 и се пласираа во полуфиналето на францускиот куп, но сенка на победата фрли фактот дека Килијан Мбапе сам побарал да биде земанет на полувремето.

Мбапе се пожалил на повреда, а иронијата е што ја доби во дуелот со тимот против кого пред три дена се повреди и Нејмар. Бразилецот. Во неделата, во првенствениот натпревар ја скриши метатарзалната коска во стапалото, до крајот на неделата треба да биде опериран и потоа му следува период на рехабилитација од шест недели.
Веднаш по натпреварот тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, одговорил на прашањето околу повредата на Мбапе и, како и во случајот со Нејмар од пред три дена, понудил оптимистички одговор.
„Мбапе доби удар во скочниот зглоб. Побара да не игра во второто полувреме. Не е ништо страшно“, рекол Емери.
Навивачите на ПСЖ се надеваат дека Емери е во право и дека талентираниот напаѓач ќе биде во тимот наредниот вторник кога ПСЖ ќе го пречека мадридски Реал во осминафиналнот реванш во Лигата на шампионите.