22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple работи на досега најголемиот и најскап телефон?

Apple работи на досега најголемиот и најскап телефон?

Компанијата „Apple“ најверојатно работи на огромна верзија на премиум моделот „iPhone X“, која би можела да се нарекува „iPhone X Plus“, пренесува „Independent“.

Покрај огромниот „iPhone X“, „Apple“ најверојатно подоготвува и евтина верзија на овој телефон.

Се очекуваат и нови бои, како златната, во која беше понуден секој смартфон на „iPhone“ дo „осмицата“, а која беше отфрелена во корист на конверзативната црна и белата верзија.

Генерално, „Apple“ оваа година би требало да претстави три телефони – голема верзија на „iPhone X“, подобрена верзија на истиот модел, како и негова евтина верзија која ќе го задржи дизајнот и одредени функции, но ќе остане без поскапите опции, како што е „OLED“ екранот, пишува „Bloomberg“.

Компанијата се надева дека на овој начин ќе ја стимулира продажбата на смартфонот „iPhone X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП