3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл се израмни со Бекам

Бејл се израмни со Бекам

Крилниот напаѓач на мадридски Реал, Герет Бејл, во синиќешниот пораз од Еспањол (1-0) израмни еден од рекордите на легендарниот Дејвид Бекам.

Бејл се најде во стартниот тим на Реал и го забележа својот 116. настап во Ла Лига, колку што во периодот од 2003 до 2007 година запиша и Бекам. Овие двајца се Британци со најмногу одиграни натпревари во Ла Лига.

Бекам бил стартер на 105 натпревари и забележал 67 победи, додека Бејл започнал 103 натпревари, а на 79 од нив Реал победил.

Бејл во досегашната кариера во дресот на Реал има учинок од 61 гол и 34 асистенции, додека кај Бекма тој однос е 13 гола и 27 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП