7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКои се најфаулираните фудбалери во Европа?

Кои се најфаулираните фудбалери во Европа?

Бразилската суперѕвезда на ПСЖ, Нејмар е најчесто фаулираниот меѓу сите играчи во првите пет европски првенства, според статистиката на „Opta“.

Во рангирањето е вклучена и турската „Супер лига“. Веднаш по Нејмар е поставен младиот талент на Шалке 04, Амин Арит, а трет во ова рангирање е младиот играч на Барселона Мунир Ел Хадад, кој во моментов игра како позајмен од каталонците во Алавес.

Во Топ 10 се уште имињата на играчи како Нубил Фекир од Лион и Хуан Квадрадо од Јувентус.

Пред неколку часови од ПСЖ објавија дека најскапиот фудбалер во светот – Нејмар, има фрактура на петтата метатарзална коска на предницата и глуждот. Нејмар се очекува да биде подложен на операција и 2 месеци да биде надвор од терените, за да може да закрепне навреме за Светското првенство во 2018-та година во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП