4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФК Победа: Оштетени сме со 4 гола

ФК Победа: Оштетени сме со 4 гола

ФК Победа АД апелира до Фудалската федерација на Македонија доколку има средства да се заложи за имплементација на ВАР-системот, со кој би се обезбедиле поголема регуларност и анализа на спорните моменти, но и заштита на сите фудбалски клубови од несакани или ненамерни судиски грешки.

„Како клуб веруваме дека со воведувањето на оваа технолигија ќе се избегнат непријатните ситуации, за кои ние веруваме дека нема тенденција, но, сепак, нанесуваат штета на клубовите и спонзорите кои инвестираат во македонскиот фудбал. ФК Победа АД како клуб во овие 3 кола од пролетниот дел на првенството е оштетена со 4 бодови. Во 19-тото коло на мечот со Пелистер со недосуден пенал, за кој судијата и комесарот за делегирање се извинија, што ние како клуб го респектираме, но тоа не може да ни ги врати загубените бодови. Во вчерашниот меч од 2.о коло со Шкупи во Битола признат е нерегуларен гол на гостинската екипа од офсајд позиција во 88. минута. Тоа се вкупно 4 бодови со кои ФК Победа АД би бил во горниот дел на табелата, онаму каде според квалитетот на екипата веруваме дека и ни е местото“, соопшти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП