7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ ги одложи натпреварите од 22. коло

ФФМ ги одложи натпреварите од 22. коло

Поради снежните врнежи што ја зафатија нашата земја, Фудбалската федерација на Македонија го одложи 22. коло од Првата лига кое требаше да се игра в среда.

Петте натпревари ФФМ ги презакажа за во недела на 4 март.

Заостанатиот натпревар Силекс – Скопје ќе се игра на 7 март, а на 4 април е заостаната средба Силекс – Пелистер.

До крајот на првенството предвидени се четири круга во работен ден (29 март, 18 април, 25 април и 2 мај).

Последното 36.коло на распоредот е планирано за 20 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП