28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛевандовски го промени агентот и најавува топ трансфер

Левандовски го промени агентот и најавува топ трансфер

Полјакот неодамна го смени својот агент Чезари Кухарски со кого работеше 10 години и го ангажираше Пини Захави, човекот кој имаше улога во рекордниот трансфер на Нејмар од 222 милиони од Барселона во ПСЖ.

Наводно, Левандовски ова го сторил затоа што планира да го повлече последниот чекор и да го напушти Баерн Минхен ова лето. Напаѓачот е свесен дека доколку не направи трансфер ова лето тоа може да биде последна шанса за него да заигра за друг топ клуб во Европа.

Фудбалерот веќе им кажал на челните лица на Баерн Минхен дека сака да си замине следното лето. Не е тајна дека за него сериозен интерес има од Реал Мадрид кој оваа година нема адекватна опција за нападот затоа што Карим Бензема е далеку од посакуваната форма.

Левандовски пак има перфектна статистика зад своето име постигнувајќи 139 погодоци на 180 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП