17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлаузула во договорот го враќа Погба во Јуве?

Клаузула во договорот го враќа Погба во Јуве?

За интересна клаузула во договорот на францускиот играч од средниот ред, Пол Погба, известуваат медиумите во Франција.

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед премина во редовите на „Црвените ѓаволи“ од Јувентус во текот на летото 2016-та година, за сума од 105 милиони евра на кои беа додадени разни бонуси.

Сепак, неодамна, Погба ја изгуби довербата на менаџерот на Хозе Мурињо, па честопати остана на клупата.

Оваа ситуација предизвика многу гласини, вклучувајќи го и евентуалното враќање на францускиот државјанин во Јувентус.

Весникот „L’Equipe“ тврди дека постои клаузула во договорот Погба што им дозволува на „бјанконерите“ да го вратат за сума од 60 милиони евра.

Но, ова е малку веројатно, со оглед на високата плата на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед. Во моментов, Погба добива 12 милиони евра за сезона, што ќе биде проблем за италијанскиот шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП