Раководството на Реал Мадрид ги информираше Карим Бензема и Герет Бејл дека сака ги продаде следното лето, вели „АС“.
Според информациите, раководството на „кралевите“ им дозволило на играчите да бараат нови тимови.
За Карим Бензема има многу силен интерес од кинески и француски тимови.
Герет Бејл се очекува да се врати во Премиер Лигата. За него најсериозен интерес покажуваат од Манчестер Јунајтед и Челзи.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сигурно ќе сака да го добие сериозни финансиски приноси од продажбата на двајцата играчи, кои ќе може да ги инвестира во нови засилувања.
Перез и екипата околку него ја подготвиле програмата за промената на „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летниот преоден рок, по завршување на сезоната.
Се смета дека основна трансферна цел на Реал Мадрид е ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.