17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал со чудна трансфер амбиција кон ѕвездата на Јунајтед

Реал со чудна трансфер амбиција кон ѕвездата на Јунајтед

Очекувањата дека Реал Мадрид ќе биде еден од најактивните клубови на пазарот во текот на летото им даваат многу прилики на медиумите да шпекулираат со идентификување на главните трансфер цели на „кралевите“.

Според „Сан“ од „Сантијаго Бернабеу“ подготвуваат изненадувачка понуда за најскапиот играч на Манчестер Јунајтед – Пол Погба. Вчера „Л Екип“ објави дека на Французинот веќе му е жал што избрал да се врати во Манчестер Јунајтед.

Погба доби многу критики во последно време, особено по неговиот настап во дербито со Тотенхем во минатиот месец. Веднаш по овој дуел Жозе Мурињо дури го остави на клупата Французинот за натпреварот со Хадерсфилд. Против Њукасл, играчот од средниот ред беше заменет по околу еден час игра.

Сепак „Сан“ тврди дека Мурињо нема намера да се раздели со Погба, кој има договор за уште 3,5 години. Но, ова нема да го запре „кралскиот клуб“, кој е подготвен да понуди околу 120 милиони фунти за Французинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП