2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го купува Хамес во текот на летото

Баерн го купува Хамес во текот на летото

Баерн Минхен одлучи да ги купи правата на Хамес Родригез на крајот од оваа сезона, вели „Спорт Билд“.

Колумбискиот играч од средниот ред го импресионираше раководството на „баварците“ со неговите настапи во црвено-белиот дрес. На „Алијанц Арена“ се восхитуваат на неговата техника, напаѓачка моќ и вештината да игра на различни позиции.

Јужноамериканец е позајмен од Реал Мадрид за две сезони. За секоја од нив, „кралевите“ треба да добијат 5 милиони евра. Клубот во Минхен, исто така, ја презеде платата на Хамес – 8 милиони евра.

Доколку се одлучи да ги откупи правата за репрезентативецот на Колумбија, Баерн ќе мора да му плати клубот од „Сантијаго Бернабеу“ сума од 35,2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП