19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSky TV и BТ повторно ќе ја емитуваат англиската Премиерлига, но за...

Sky TV и BТ повторно ќе ја емитуваат англиската Премиерлига, но за помалку пари

„Sky TV“ на Руперт Мердок ќе плати 3,58 милијарди фунти (4,97 милијарди долари) за да пренесува 128 натпревари од англиска лига во текот на три сезони, почнувајќи од 2019/2020 година. Договорот става крај на силната инфлација во вредноста на локалните права за англиските клубови во Премиер лигата, објави „Ројтерс“.

Конкурентската телевизија „ВТ“ ќе емитува 32 натпревари по сезона, откако си обезбеди еден од пакетите со понуда од 885 милиони фунти (1,23 милијарди долари).

Вкупниот износ за пет од седумте пакети го истакнува падот на вредноста на правата по скокот од околу 70% во претходните две аукции.

Во 2015-та година, „Sky TV“ и „BТ“ ги прекршија прогнозите, плаќајќи рекордни 5,14 милијарди фунти за да ги емитуваат натпреварите на тимови како Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул.

Ова им овозможи на спортските клубови да купуваат скапи играчи како Пол Погба, Ромелу Лукаку и Вирџил ван Дијк, кои им се придружија на своите нови тимови за 75 милиони фунти.

Но, двете компании ќе платат помал износ овој пат – 4,46 милијарди фунти за 160 натпревари по сезона. „Sky TV“ ќе плати 16% помалку од сегашниот пакет за да продолжи да ги емитува натпреварите од Премиерлигата.

Според аналитичарот Паоло Пескадор од „CCS Insight“, резултатот од аукцијата е олеснување за двете компании, но одлична вест за потрошувачите.

„Иако има повеќе натпревари, Премиерлигата не успеа да го искористи најдоброто од своето вредно богатство“, вели тој. „Ова укажува на тоа дека очигледно постои максимум на кој потрошувачите се подготвени да платат за да ги гледаат натпреварите од англиската лига и, оттука, што добавувачите се подготвени да понудат како понуда“.

Премиерлигата, сепак, објави дека е „исклучително задоволна“ дека „Sky TV“ и „BТ“ продолжиле да ги перцепираат натпреварите како важен дел од нивната програма.

Има шпекулации дека американските интернет гиганти како „Amazon“, „Facebook“ или „Netflix“, исто така, ќе влезат во битката.

Двата пакети што остануваат за продажба вклучуваат натпревари во исто време што може да одговараат на провајдер со онлајн стриминг.

Премиерлигата соопшти дека сè уште има интерес за последните две пакети од неколку кандидати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП