Откако пред само седум месеци беше доведен во Манчестер Сити како ново засилување, тој веќе си обезбеди да добие нов предлог-договор. Ваквиот чекор се очекува да се случи во март.
Голманот е врзан со „граѓаните“ до 30-ти јуни 2022-ра година, но ќе додаде уште една година за него. Најважно е тоа што ќе добие огромно зголемување на платата – околу 50% повеќе.
Во моментов, тој добива 70.000 фунти неделно. Кога ќе се договорат новите финансиски услови, неговата неделна плата ќе се зголеми на 100 илјади фунти.
Едерсон се смета за најдоброто можно засилување во времето на менаџерот Пеп Гвардиола, кој очекува тој да биде стартер на неговата позиција во тимот на Сити.