1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВидал објави каде сака да игра во иднина

Видал објави каде сака да игра во иднина

За инает на зачестените информации за евентуален трансфер во Челзи, халфот Артуро Видал сака да остане во Баерн (Минхен). „Се чувствувам добро тука, моите деца се среќни. Се разбира, јас би сакал да го обновам договорот“, изјави 30-годишниот фудбалер пред „Sport1“.

Неговиот договор е за уште една сезона, а сега менаџментот е на ред. Во изминатото дерби против Шалке 04, Чилеанецот се докажа колку е многу важен за тимот, откако освои 28 дуели, постигна 88,7% успешни додавања и претрча 11,22 километри. Врвот му беа 14-те одземени топки, што е рекорд за играч во топ 5 првенствата на Европа во оваа сезона.

„Има причина да бидам во Баерн, бидејќи јас дефинитивно сум еден од најдобрите во мојата позиција“, рече Видал.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, исто така, потврди дека никој од „Алијанц Арена“ не сака да се раздели со искусниот фудбалер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП