13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Од лето Милан ќе се облекува во Puma

Официјално: Од лето Милан ќе се облекува во Puma

Милан ќе направи сериозни промени од следната сезона. „Росонерите“ објавија дека клубот ќе има нов спонзор од сезоната 2018/19.

Ова стана јасно по официјалното соопштение од клубот, во кое е објавено името на спортскиот гигант „Puma“: „Puma“ и Милан објавуваат долгогодишно партнерство што ќе ги обедини од 1-ви јули 2018-та година две од најголемите и амбициозни марки во фудбалската индустрија“.

Бјорн Гулден кој е главно лице на спортската компанија изрази радост од постигнатиот договор со клубот од Милано: „Многу сме горди на тоа партнерство со Милан. Тоа е еден од најголемите и најуспешните тимови во историјата на фудбалот и има обожаватели низ целиот свет. Клубот и навивачите го укажуваат вистинскиот дух на фудбалот. Според мое мислење дресот на Милан е еден од најзначајните во светот. Се нетрпени очекувам да започнеме ново поглавје во историјата на овој легендарен клуб кое ќе биде напишано од „Puma““.

Спортскиот директор на Милан, Марко Фасоне исто така, покажа задоволство од новиот проект кој ќе започне на крајот од оваа сезона: „Чувствувам посебна радост од спроведувањето на ова партнерство со „Puma“, затоа што имаат посебен однос кон спортот и фудбалот. Тоа е значаен и меѓународен бренд , со кој ќе се поврземе во наредните сезони“, рече Фасоне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП