27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрафик на денот: Повеќе од 100 златни медали ќе бидат доделени во...

График на денот: Повеќе од 100 златни медали ќе бидат доделени во Пјонгчанг

Мраз и снег во затворен простор и на отворено. Тоа е основата на Зимските олимписки игри. Овие игри ќе имаат 16 дисциплини групирани во три главни категории на спортови, објави „Statista

Снежните спортови имаат најмногу дисциплини. Тука спаѓаат ски скокови, биатлон или алпско скијање.

Меѓу најпопуларните спортови на мрас се уметничкото лизгање и хокејот на мраз. Покрај тоа, боб-санкање и трките на мраз се одржуваат на исто место во Олимпискиот лизгачки центар.

Вкупно 102 златни медали ќе бидат доделени на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова прави 6.8 златни медали на ден за 15-дневните натпреварувања од 10-ти до 25-ти февруари. Повеќето од нив се за уметничко лизгање каде што ќе бидат 14 медали за најдобрите спортисти.

Еден златен медал тежи 586 грама, па вкупната тежина на златните медали ќе биде речиси 60 килограми.

За разлика од овие 102 дисциплини, првите Зимски олимписки игри во 1924-та година во подножјето на планината Монт Блан во Шамони, Франција, имаа само 16 натпреварувања. За време на Втората светска војна две Олимпијади беа одложени, додека последните игри пред војната беа во Гармиш-Патенкирхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП