1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ започнале со преговорите за Цеск

„Ѓаволите“ започнале со преговорите за Цеск

fabregas

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс претходно изрази желба да го доведе во своите редови играчот за врска на Барселона, Цеск Фабрегас. Според медиумите на Островот преговорите за евентуалниот трансфер веќе се започнати.

Медиумите веќе почнаа да пишуваат за враќањето на Шпанецот во Англија, но не во Лондон туку во црвениот дел на Манчестер каде што го гледаат како наследник на Пол Сколс кој се повлече од активното играње.

Управата на Јунајтед му даде на Мојс зелено светло за реализација на трансферот, а како што пишуваат медиумите преоговорите и официјано се започнати.

Фабрегас во Барселона немаше сезона каква што очекуваше. Повеќе време поминуваше на клупата, отколку на теренот поради што местото во стартните 11 на шпанската репрезентација не му е веќе загарантирано.

Поради тоа поранешниот капитен на Арсенал не е среќен во Каталонија, а останува да се види дали и тој би сакал да се пресели во соблекувалната на најголемиот ривал на неговиот поранешен клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП