29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИT-Mobile ја зголеми својата добивка за седум пати со помош на даночните...

T-Mobile ја зголеми својата добивка за седум пати со помош на даночните реформи

Профитот на „T-Mobile“ за четвртиот квартал од годината забележа речиси седумкратен раст благодарение на речиси еден милион нови претплатници и бонус од 2,2 милијарди по промените во американските даночни закони, соопштува „Ројтерс“.

Според податоците на американската компанија за последните три месеци од годината се регистрирани 891.000 нови корисници, што претставува слабо намалување на годишна основа. За споредба, во истиот период во 2016-та година, тие беа 933.000.

„T-Mobile“ имаше корист од пониските цени и понудата на дополнителни боунси за да земе удел од пазарот од големите конкуренти „Verizon Communications Inc“ и „AT & T Inc“ во презаситениот пазар на мобилни услуги.

Нето добивката на операторот за последниот квартал изнесува 2,71 милијарди долари или 3,11 американски долари по акција. За истиот период минатата година, таа беше 390 милиони или 45 центи по акција.

Откако ќе се исклучат еднократните ефекти, компанијата остварува подобри резултати од минатата година со профит од 48 центи по акција.

Во исто време, нејзините приходи се зголемија за 5,1 отсто на 10,76 милијарди долари. Ова е близу до очекувањата на аналитичарите за приходи од 10,83 милијарди долари, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Минатиот месец компанијата објави дека завршила со купувањето на компанијата „Layer3 TV“, која се дефинира како нова генерација кабелски оператори. Сè уште не е познато колку „T-Mobile“ плати за ова превземање.

Претходно стана јасно дека компанијата планира да објави нова стриминг услуга до крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП