Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Таен безбедносен код на „Епл“ протече во јавноста

Време: 10:46

Датум: февруари 9, 2018

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Таен дел на софтверот на ајфоните протече во јавноста. Тоа може да претставува проблем за „Епл“ затоа што може да им овозможи на хакерите да упаднат во добро чуваниот систем на компанијата.

Во врска со скандалот, од „Епл“ за „Бизнис инсајдер“ рекле дека кодот е стар три години и дека тој не влијае на изворниот код за безбедност. Од компанијата рекле дека има повеќе слоеви на заштита на хардверот и софтверот во нивните производи и дека секогаш ги охрабруваат корисниците да ги ажурираат најновите верзии за да имаат корист од најновите заштити.

Експертите, сепак, наведуваат дека откривањето на тој заштитен дел од софтверот ќе им овозможи на хакерите да пронајдат дупки во безбедносниот систем на ајфоните. Тоа не мора да значи дека корисниците на ајфон веднаш ќе се најдат во ризик, но експертите напоменуваат дека хакерите сега би биле во можност да го анализираат кодот на „Епл“ и подоцна да го искористат за манипулации.

Случајот е откриен кога еден од корисниците на овој паметен телефон го објави безбедносниот код на ајфон на веб-страницата Git Hub на кој корисниците разменуваат разни кодови.

Како што пренесуваат американските медиуми, кодот кој протече во јавноста го открива системот iBoot, кој се активира кога телефонот ќе се вклучи. Се наведува дека хакерите сега ќе имаат можност во телефоните да внесуваат вируси или, пак, алатки за надзор.

Џонатан Кевајн, еден од шефовите во „Епл“, рекол дека ова е најголемо протекување на податоци во историјата на компанијата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Apple оваа година ќе го „убие“ iPhone X?

    Apple оваа година ќе го „убие“ iPhone X?

    Смартфонот на „iPhone X“ на „Apple“ најверојатно ќе биде запрен оваа година, според аналитичарот цитиран од „CNBC“. Коментарот му е поврзан со веста дека „Taiwan…

  • Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

    Рокот за барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и добиток трае до 15 мај

    Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетуваат земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции…

  • Осум штетни влијанија на солта врз телото

    Осум штетни влијанија на солта врз телото

    Солта го менува вкусот на храната, но и влијае на телото на начини кои не можеме ни да ги замислиме Солта е примарен извор на…

  • Газпром е подготвенa да преговара со Украина за транзит на гас

    Газпром е подготвенa да преговара со Украина за транзит на гас

    „Газпром“ е подготвен да преговара со „Нафтогаз Украина“ за транзит на руски природен гас по 2019-та година. Меѓутоа, компанијата поднесе барање за предвремено раскинување на…

  • Гатузо: Ќе донесеме нови засилувања во Милан

    Гатузо: Ќе донесеме нови засилувања во Милан

    Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека добил гаранции од директорот Марко Фасоне дека тимот ќе биде засилен со тројца или четворица фудбалери. Милан во…

  • За успешен бизнис тим потребни ви се 4 поедници

    За успешен бизнис тим потребни ви се 4 поедници

    Тимската работа е од клучно значење за повеќето работни места. Многу е важно секој поединец на тимот да ги разбира својата цел, функција и надлежности…

  • Грција прифати понуда за Desfa од 535 милиони евра

    Грција прифати понуда за Desfa од 535 милиони евра

    Грчкиот државен фонд за приватизација (HRADF) го номинира за најпосакуван кандидат конзорциумот меѓу „Snam“, „Enagás Internacional“ и „Fluxys“ за продажба на 66% од капиталот на…

  • Целосно различен од другите: Новиот Maybach излезе на виделина (фото+видео)

    Целосно различен од другите: Новиот Maybach излезе на виделина (фото+видео)

    Пет дена пред официјалната премиера на луксузниот концепт на „Mercedes-Maybach – Ultimate Luxury“ на Интернет се појавија фотографии од седанот со зголемена проодност. Автомобилот со…

  • Кумановци повторно на „печалба“ во Ирак и Авганистан

    Кумановци повторно на „печалба“ во Ирак и Авганистан

    Кумановци повторно аплицираат за работно место во компаниите кои нудат и даваат поддршка на американската војска во Авганистан и Ирак. На официјалните страници на двете…

  • Американските регулатори ја казнија Wells Fargo со 1 милијарда долари за злоупотреба

    Американските регулатори ја казнија Wells Fargo со 1 милијарда долари за злоупотреба

    Два федерални регулатори изрекоа парична казна на американската банка „Wells Fargo“ со 1 милијарда долари затоа што ги принудила корисниците да платат за осигурување на…