18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКој тренер добива највисока плата?

Кој тренер добива највисока плата?

Очекувано е менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, да биде првиот тренер со најголема годишна плата, изјавија извори за весникот „АС“. Каталонскиот стратег заработува годишно по 19 милиони евра.

Втор според годишната плата е неговиот ривал во Премиерлигата, Жозе Мурињо. Португалецот потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед, според кој ќе заработува околу 16 милиони евра по сезона.

Изненадувачки на третото место е тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне со 15 милиони. „Ел Чоло“ потпиша нов договор со „јорганџиите“ до 2020-та година. Аргентинецот добил солиден пораст во неговата плата, но не се очекува да го исполни својот договор. Четвртиот е претходниот тренер на Шангај СИПГ, Андре-Вилаш Боаш со 13,5 милиони.

На петтото место е менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер со 10 милиони евра. Европскиот шампион со Реал Мадрид Зинедин Зидан се наоѓа на шестото место со 9,5 милиони евра годишно. Јирген Клоп (8,3), Антонио Конте (7,8), Масимилиано Алегри (7) и Маурисио Покетино (6,6) ја дополнуваат првата десетка.

Интересно е дека богаташите од ПСЖ на својот тренер Унаи Емери му даваат „едвај“ по 3 милиони по сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП