3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаде сите тимови чинат над 1 милијарда долари?

Каде сите тимови чинат над 1 милијарда долари?

За прв пат во историјата на „НБА“, сите тимови во лигата се проценети на над 1 милијарда долари, станува јасно од рангирањето на списанието „Forbes“.

Веќе трета година по ред лидерската позиција е за „Њујорк Никс“, проценет на 3.6 милијарди долари, или за 9% повеќе од пред една година.

Приходите на тимот за минатата година изнесуваат 426 милиони долари, а тие продолжуваат да растат по поправките од 1 милијарда долари на нивната сала – „Медисон Сквер Гарден“.

Втората позиција е за „Лос Анџелес Лејкерс“ со 3.3 милијарди долари (+ 10%), а трет во рангирањето е шампионот од „Голден Стејт Вориорс“ со 3,1 милијарди долари (+ 19%).

Двата тима имаат приходи од односно 371 и 359 милиони долари за последните 12 месеци, информираат од „Forbes“.

На над 2 милијарди долари се проценети уште „Чикаго Булс“ (2.6 милијарди долари), „Бостон Селтикс“ (2,5 милијарди долари), „Бруклин Нетс“ (2.3 милијарди долари), „Хјустон Рокетс“ (2,2 милијарди долари) и „Лос Анџелес Клиперс“ (2.15 милијарди долари).

Имено „Хјустон“, сепак е тимот со највисок раст во нивниот резултат – 33%. Тимот беше купен од милијардерот Тилман Фертита во октомври 2017-та година.

Во топ 10 се уште „Далас Маверикс“ и „Мајами Хит“, додека последните три места се заземени од „Шарлот Хорнетс“ на Мајкл Џордан, „Мемфис Гризлис“ и „Њу Орлеанс Пеликанс“. Тимот на Леброн Џејмс, „Кливленд Квалирс“, е на 15 место со цена од 1,325 милијарди долари.

Просечниот рејтинг на „НБА“ тимовите денес изнесува 1,65 милијарди долари, што е околу три пати повеќе од нивниот просек пред пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП