25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус подготвува двоен удар ова лето

Јувентус подготвува двоен удар ова лето

Емре Џан се договорил со Јувентус за договор, потврди италијанскиот фудбалски агент во долго интервју, говорејќи за трансфер плановите на „Старата дама“. Договорот на Емре Џан со Ливерпул истекува на крајот на оваа сезона, а преговорите за нов договор за стопирани, додава „Ливерпул ехо“.

Според „Тутоспорт“, двете страни имаат големи отстапувања за структурата и условите во договорот, каков тој веќе добил од Јувентус и се очекува да помине официјално во италијанскиот шампион по крајот на сезоната.

„Емре Џан ќе биде одлично засилување за Јувентус и најмногу поради тоа што нема да чини пари“, додаде агентот Федерико Пастор.

Тој, исто така, го даде своето мислење и за другите играчи, велејќи дека „Старата дама“ минатото лето одбила понуда од 50 милиони евра. „Јувентус одби 50 милиони за Алекс Сандро минатото лето, но ако Бразилецот ја врати најдобрата форма, тој веројатно може да достигне цена од околу 60 милиони“, вели агентот.

Се вели дека Јувентус планира двоен удар ова лето, откако на денешните страници „Тутуспорт“ тврди дека од тимот почнаа операција за привлекување на еден од најголемите таленти на Рома – Лоренцо Пелегрини. Играчот беше привлечен минатото лето од Сасуоло, но во неговиот договор е вклучена клаузула со вредност од само 25 милиони евра, која од шампионот се подготвени да ја платат веднаш. Пред две години, „бјанконерите“ на ист начинго доведе Миралем Пјаниќ. Интерес за играчот исто така има од страна на Атлетико Мадрид, што може да го комплицира договорот до одреден степен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП