28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн се подготвува да го продаде Левандовски

Баерн се подготвува да го продаде Левандовски

Напаѓачот на Баерн (Минхен) Роберт Левандовски може да премине во Реал Мадрид во текот на летото, пишува „Марка“.

Раководството на „баварците“ е согласно да се раздели со полскиот репрезентативец. Агентот на 29-годишниот е во постојан контакт со раководството на Реал Мадрид. Во октомври 2017-та година Баерн и шпанците веќе разговараа за можноста за овој трансфер поради фактот дека Полјакот ја критикуваше трансферната политика на клубот.

Левандовски е во Минхен од 2014-та година. Неговиот договор со клубот истекува во летото 2021-ва година. Договорот не содржи паушален износ за компензација, за кој германскиот клуб е должен да го пушти фудбалерот.

Оваа сезона Левандовски настапи на 30 натпревари за Баерн Минхен, постигнувајќи 25 гола и направи 1 асистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП