3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа прв пат петте топ-првенства во Европа потрошија над 1 милијарда евра...

За прв пат петте топ-првенства во Европа потрошија над 1 милијарда евра за трансфери

За прв пат вкупната сума потрошена за време на зимскиот трансфер период на тимовите во првите пет лиги во Европа надминала една милијарда евра, според анализата на „CIES“.

Трошоците за трансфери направени од тимовите се зголемија за 36 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Нормално, англиската Премиерлига е рангирана на прво место, поради тоа што учествуваа со 51 процент од потрошените пари.

Во зимата 2017-та година, вкупната потрошувачка на зимски засилувања изнесува 786 милиони евра, а во 2016-та година 498 милиони евра.

Од 2010-та година, англиската Премиерлига отсекогаш имала негативен биланс на трансфер салдото, бидејќи се платени повеќе пари за нови дополнувања, отколку од продажбата. За зимата 2018-та година, билансот е минус 133 милиони евра, и покрај продажбата на Фелипе Кутињо и Диего Коста во Барселона и Атлетико (Мадрид).

Со овие две договори, шпанската Ла Лига има рекорден сопствен дефицит од минус 188 милиони евра. Пресметаните салда за другите три првенства се позитивни: + 48 милиони за италијанската Серија А, + 33 милиони за германската Бундеслига и 14 милиони за Француската Лига 1.

Уште еднаш, постои несовпаѓање во проценетите предвидувања на компаниите и на веб-сајтовите за трансфери и платените пари од клубовите. Износите платени од клубовите се многу повисоки од првично најавените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП