21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Boeing продолжуваат со раст со новите договори за една милијарда...

Приходите на Boeing продолжуваат со раст со новите договори за една милијарда долари

Одделот за услуги на „Boeing“ објави дека има склучено договори од околу 1 милијарда долари, како дел од напорите на компанијата за тројно зголемување на годишниот приход од 50 милијарди долари во текот на пет години.

Производителот на авионите се обидува да го зголеми протокот на средства во својот бизнис со услуги кои вклучуваат одржување и поправка на авиони, анализа на податоци и обука за пилоти, објави „Ројтерс“.

Во минатата 2017-та година, приходите на компанијата пораснаа за 5.5% на 14.6 милијарди долари, а годинашниот раст е уште поголем, изјави генералниот директор на „Boeing Global Services“, Стен Дил.

„Во текот на следните пет до десет години, ќе ја постигнеме оваа долгорочна цел“, рече тој, мислејќи на растот на приходите, додавајќи дека ова „сигурно“ би вклучувало и превземања. Според неговите зборови, областите во кои компанијата има интерес да ги прошири своите активности се оние за ентериерот на авиони и обработката на податоците.

Меѓу договорите објавени во вторникот е размената на опрема со јапонската „ANA Holdings Inc“ и Малезиските компании. Исто така, доби наредба од „DHL“ за производство на карго авион од „767-300ER“.

Во моментов, приходите на одделот за услуги на „Boeing“ се подеднакво распределени меѓу воените и комерцијалните клиенти. Меѓутоа, според Дил, очекувањата се со време дека насоките ќе бидат насочени кон цивилниот сектор.

Според него, ова ќе се должи на силниот одржлив раст на патничкото воздухопловство, како и добрите предвидувања, особено за регионот Азија-Пацифик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП