27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗошто Кавани не го сака Нејмар? Само погледнете ги нивните плати

Зошто Кавани не го сака Нејмар? Само погледнете ги нивните плати

Францускиот весник „Л`Екип“ ги откри платите на најголемите ѕвезди во локалното првенство, и таму може да се забележи дека Нејмар е многу над останатите.

Напаѓачот на ПСЖ зема нешто повеќе од 3 милиони евра месечно. Вториот – Едисон Кавани, добива околу половина од таа сума – 1.54 милиони евра. Очигледно е дека меѓу нив не е се во ред, иако тие тврдат дека одлично се разбираат. Огромната разлика во парите веројатно е водечка причина.

Во првите 13 има 12 играчи на ПСЖ, што е доказ за финансиската моќ на клубот од главниот град на Франција. Само Радамел Фалко од шампионот Монако влегува во оваа група со 750.000 евра месечно, што му ја обезбедува деветта позиција.

Освен Нејмар и Кавани, уште четири играчи од ПСЖ имаат месечни плати од најмалку 1 милион евра – Килиан Мбапе, Тиаго Силва, Анхел ди Марија и Маркињос.

Во меѓувреме, Тома Ломар од Монако, проценет на 100 милиони евра, добива 30 пати помалку од Нејмар.

Тимот од „Паркот на принцовите“ е убедлив лидер во Лига 1 со 11 поени предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП