22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп посакува двајца играчи на Реал

Клоп посакува двајца играчи на Реал

Ливерпул го отвори преодниот рок со ангажирање на засилување во задната линија, на „Енфилд“ пристигна Вирџил ван Дајк во трансфер вреден 80 милиони евра.

После ангажманот на Холанѓанецот, клубот остана без својот најдобар поединец, Филипе Кутињо, кој ги напушти редовите на „Црвените“ и ја засили Барселона.

Ливерпул доби 160 милиони евра од овој договор, што беше воедно и трета најголема сума на пари дадена за еден играч во историјата на фудбалот.

Се очекуваше управата на клубот до крајот на јануари да ги искористи заработените пари и да донесе замена за Бразилецот, но тоа не се случи.

На лето на „Енфилд“ ќе пристигне Наби Кеита, чиј трансфер беше договорен уште од минатото лето, но нема сомнение дека тој ќе биде само еден во низата на засилувања на Клоп.

Според пишувањата на шпанските и англиските медиуми, управата веќе почнала да размислува за следната сезона, па на мета на „Црвените“ се нашле и двајца фудбалери на Реал Мадрид.

Станува збор за централниот дефанзивец Начо и крилниот фудбалер Лукас Васкез.

Начо може да ги покрие сите позиции во задната линија и нема сомнение дека би претставувал добро засилување за четата на Јирген Клоп.

Тој моментално е прва алтернатива за Марсело, Рамос, Варан и Карвахал, но во случај на понуда од Ливерпул тој би можел да ја промени средината, секако под услов да му биде ветена поголема минутажа.

Кога е во прашање Васкез, тој исто така е дел од ротацијата на Мадриѓаните, четири или пет играчи имаат предност во однос на него, па можеби заминување од Мадрид би била добра работа за 26-годишниот Шпанец.

Тие двајца дефинитивно би ја зголемиле конкуренцијата на „Енфилд“, ќе видиме што мисли за тоа и Флорентино Перез, иако после слабите резултати на Реал оваа сезона, се чини дека „Кралевите“ ги очекува реконструкција во тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП