25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал Мадрид уште повеќе ќе ја зголеми платата на Роналдо

Реал Мадрид уште повеќе ќе ја зголеми платата на Роналдо

Раководството на Реал Мадрид одлучи да ја зголеми годишната плата на Кристијано Роналдо за да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Првите луѓе на кралскиот клуб го информираа Португалецот дека од ова лето тој ќе добива 8 милиони евра повеќе. Значи, од претстојната сезона, „СR7“ ќе добие нето вредност од 30 милиони евра, што ќе го приближи до Нејмар. И покрај зголемувањето на платата, Лионел Меси ќе остане со најголема годишна плата.

Во последниве месеци, се повеќе се говори дека Кристијано сака да си замине, бидејќи се чувствува измамен од Флорентино Перез, кој не го исполнил ветувањето дека ќе му ја зголеми платата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП