20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајбогатиот фудбалер во светот потпиша за Гетафе

Најбогатиот фудбалер во светот потпиша за Гетафе

Екипата на Гетафе денеска го објави името на најновото засилување – Матје Фламини.

Французинот доаѓа од редовите на Кристал Палас, каде не добиваше шанса изминатата полусезона. Тој најдолго во кариерата играше за Арсенал, пет сезони беше во Милан, а кариерата ја започна во Олимпик Марсеј.

Фламини со шпанскиот клуб потпиша шестмесечен договор. Тој во текот на својата фудбалска кариера заработи добри пари, но вистинското богатство на Фламини доаѓа од неговата паметна инвестиција што ја направил пред 10 години.

Тој во 2008 година инвестирал во компанија за биогориво, која моментално се проценува дека вреди околу 20 милијарди долари. Ова го прави Фламини најбогатиот фудбалер во светот, на кој можат да му завидат и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП