2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се кандидатите за селектор на Италија

Познати се кандидатите за селектор на Италија

Генералниот секретар на Италијанскиот олимписки комитет, Роберто Фабричини, кој ќе ја предводи локалната фудбалска федерација барем во наредните шест месеци, ги објави имињата на кандидатите за селектори на националниот тим.

„Скуадра Аѕура“ остана без тренер на крајот од минатата година, кога Џампиеро Вентура поднесе оставка по поразот против Шведска во баражот за Светското првенство во 2018-та година.

„Имињата се оние што ги знаете“, рече Фабричини. „Роберто Манчини беше во Рим, но не зборувавме. Антонио Конте се чини дека е амбициозен да ја предводи националната екипа. Карло Анчелоти и Клаудио Раниери исто така се варијанти. Никој не е омилен, мораме да ги одредиме добрите и лошите страни на секоја кандидатура“.

Поранешниот репрезентативец Алесандро Костатура, кој има водечка позиција во федерацијата, исто така, го коментираше ова прашање. „Ќе преговараме. Ние не брзаме, но би било добро да имаме нов селектор наскоро. Со некои од кандидатите, како Манчини, имам играно заедно. Конте направи вистинско чудо на претходното Европско првенство“, рече Костакурта.

Ако до следните контроли на Италија, тимот нема селектор, тој ќе биде предводен од Луиџи Ди Биаџио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП