Тојота својот нов концепт „FT-HT Yuejia“ го престави на авто-саемот во Шангај.
„FT-HT Yuejia“ потсетува на футуристички „Prius“ и има модерни заоблени линии, интересен ентериер, простор за шест лица, впечатлива предна решетка и панорамски отвор на покривот.
Моделот е долг 4.770mm, широк е 1.920mm, a висок е 1.840mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.900mm.
Лускузниот ентериер елегантно е украсен со кожа, со металик детали и дигитален дисплеј, а интересна е можноста сувозачкото седиште да се ротира за 180 степени за полесен разговор со останатите патници.
Останатите детали не се познати, но Тојота најави дека овој концепт е најава за сериски модел кој ќе се продава само на кинескиот пазар. Сепак останува да се види дали првите луѓе на компанијата во овој концепт го гледаат новиот „Prius“.