17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна опција која покажува колку е гледан вашиот профил на Instagram

Пристигна опција која покажува колку е гледан вашиот профил на Instagram

„Instagram“ развива опција на апликацијата која ќе покажува колку пати другите корисници на мрежата посетувале одреден профил.

Информацијата се наоѓа на врвот на профилот, а ќе биде толку приметлива така што ќе биде тешко да се заобиколи, пишува „The Independent“.

Сепак, иако ќе покажува колку пати профилот бил гледан, нема да открие кои биле посетителите, како што тоа го прави со „InstaStory“.

Новата функција ја забележал корисникот Мет Навара по што на „Твитер“ објавил „скриншот“ од „Instagram“ каде покажува на кој начин корисниците ќе бидат известени за бројот на прегледи на нивниот профил.

На врвот на неговиот екран пишува „133 посети во последните седум дена“.

Со оглед дека оваа функција се уште е во фаза на развој, не се појавува на профилот на секој корисник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП