17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем и ПСЖ го завршија договорот вреден 25 милиони фунти

Тотенхем и ПСЖ го завршија договорот вреден 25 милиони фунти

Тотенхем исто има повод да слави, откако успеа да заврши се во врска со трансферот на Лукас Моура и бразилецот веќе е сопственост на лондончани. За него, ПСЖ ќе добие 25 милиони фунти. Договорот на играчот е за четири и пол години и тој ќе го носи бројот 27.

25-годишниот фудбалер се приклучи на францускиот гигант во 2013-та година и оттогаш забележа над 150 натпревари за клубот, откако освои 4 титули и 3 национални купови. Сепак, тој е солидна резерва од почетокот на сезоната и сакаше да замине. Тренерот на парискиот гигант, Унаи Емери, исто така, го советуваше Моура да го промени тимот.

За бразилскиот национален тим, Моура има одиграно 36 натпревари и постигнато 4 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП