5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМата останува на „Олд Трафорд“

Мата останува на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед Хуан Мата го продолжува договорот со клубот уште една година. Значи тој се обврза на верност со „Црвените ѓаволи“ до летото 2019-та година. Претходниот договор со Шпанецот истекуваше на крајот од оваа сезона, но клубот ја искористи клаузулата во тоа што дозволи да биде продолжен на уште 12 месеци.

Жозе Мурињо, менаџерот, вели дека 29-годишниот Мата останува во неговите планови, и покрај доведувањето на Алексис Санчез од Арсенал.

„Мета е многу важен играч за нас. Кога пристигнав во клубот пред една и пол година, сите ми кажуваа дека Мата има проблеми, проблеми, а сега доби нов договор уште една година. Тој е важен играч за мене, клубот и неговите соиграчи“, рече Мурињо.

Шпанецот има 39 гола во 172 натпревари за Јунајтед по трансферот од Челзи во 2014-та година. Тој рече дека се чувствувал среќен да игра во овој клуб.

„Се чувствувам среќен и горд што сум дел од овој клуб. Мислам дека секој играч на Манчестер Јунајтед треба да се чувствува привилегиран да биде тука. Се чувствувам така. Се согласувам со сите во клубот, како и со менаџерот. Откако ќе го облечеш дресот на Јунајтед, твојот живот повеќе не е ист. Сè се менува затоа што веќе сте дел од еден од најголемите клубови во историјата на фудбалот. Секојдневно си кажувам колку сум среќен што играм овде и се обидувам да го искористам секој тренинг, бидејќи знам колку е важно да се биде играч на Манчестер Јунајтед. Пред 10 или 12 години никогаш не сум замислувал дека ќе играм во овој клуб. Се сеќавам на големите играчи како Гигс, Скоулс, Бекам, Ван Нистелрој, Фердинанд, Видиќ. Ми се чинеа светлосни години пред мене. Но, тука сум и чувството е многу посебно. Во последните четири години, многу нови играчи дојдоа во клубот, но сите ние се познаваме и се подобруваме. Ја изградивме стабилноста и упорноста што ќе ни треба во битката за големите трофеи“, рече Мата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП