Арсенал го реализира трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд. Габонецот со лондоснкиот клуб потпишал повеќегодишен договор.
Обамејанг од 2013 година играше во Дортмунд. За „милионерите“ постигнал 141 гол на 213 натпревари.
Арсенал за Габонецот на Борусија и плати 63,75 милиони евра.
„И покрај сите непријатности кои ги доживеавме изминатите недели, трансферот на Обамејанг во Арсенал ќе го паметиме како успешна приказна. Направи многу добри работи за Борусија, постигна толку многу важни голови и беше дел од тимот кој го освои трофејот во Купот во 2017 година. Попосакуваме се најдобро во Арсенал“, порачал спортскиот директор на Борусија, Михале Цорк.