4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОOзил ќе потпише нов договор со „топџиите“

Oзил ќе потпише нов договор со „топџиите“

Трансферот на Пјер-Емерих Обамајанг во Арсенал, кој денеска беше официјализиран, го убеди Месут Озил да потпише нов договор со „топџиите“.

Според „Билд“, германскиот репрезентативец веќе дал согласност за ова, но потпишувањето на новиот договор ќе биде по Светското првенство во Русија. Се очекува Озил да добие околу 300.000 фунти неделно, што автоматски значи дека тој ќе биде најплатениот играч во историјата на клубот.

Арсенал ја загуби другата ѕвезда на кој му истекуваше договорот – Алексис Санчез, кој премина во Манчестер Јунајтед, но Арсен Венгер го доведе Хендрик Мхитаријан и веќе го договори Обамејанг што му се допаднало на Озил. Според „Билд“, 29-годишниот играч од средниот ред се успокоил за неговата иднина во Арсенал и видел доволно амбиции во раководството на клубот во однос на трансферната активност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП