4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради скршеница на раката Лав ќе паузира два месеци

Поради скршеница на раката Лав ќе паузира два месеци

Актуелниот вицепрвак во НБА лигата доживеа пораз во Детроит 125:114 и на неодреден период остана без вторитот клучен играч во тимот Кевин Лав.

Крилниот центар по неколку минути од почетокот на натпреварот во Детроит, во дуел со центарот на Пистонс Ентони Толивер се здоби со фрактура на раката.

Според се уште непотврдени информации 29-годишниот кошаркар ќе отсуствува од кошаркарските терени околу два месеци.

Лав сезонава има просек од 18,2 поени и 9,6 скока по натпревар. Поради повредата тој ќе го пропушти Ол стар натпреварот кој на програмата е на 18 февруари во Лос Анџелес.

Инаку против Детроит најефикасни кај Кливленд беа Леброн Џејмс со 21 поен, 6 скока и 7 асистенции, односно Ајзеа томас со 19 поени, 3 скока и 5 асистенции.

На спортивната страна целата стратна петорка на Детроит постигна двоцифрен број на поени, најмалку 19 реализира Еш Смит, најефикасен беше Стенли Џонсон со 26 поени, а блескаше Андре Драмонд со 21 поен, 22 скока и 7 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП