
Неколку минути откако Ејмерик Лапорт беше прогласен за играч на Манчестер Сити, неговиот досегашен клуб, Атлетик Билбао, го потврди доаѓањето на неговиот заменик.


Неколку минути откако Ејмерик Лапорт беше прогласен за играч на Манчестер Сити, неговиот досегашен клуб, Атлетик Билбао, го потврди доаѓањето на неговиот заменик.
Тоа е Иниго Мартинез од големиот ривал Реал Сосиедад. Атлетик ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 32 милиони евра. Договорот на 26-годишниот фудбалер е до летото 2023-та година, со нова клаузула од 80 милиони евра.
Мартинез сега е најскапиот шпански дефанзивец, со подобрување на договорот од 27 милиони евра за Серхио Рамос помеѓу Севиља и Реал Мадрид во 2005-та година.
Минатото лето, Мартинез беше во блиску да се пресели во Барселона.
Тој ќе добие 5 милиони евра за сезона и ќе биде најскапиот играч во неговиот нов тим.
Мартинез имаше повреда на почетокот на сезоната, но тој веќе се врати на терените и игра редовно. Тој има 12 натпревари и 1 гол во Ла Лига.