17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwatch Group го објави својот прв годишен раст од пред четири години

Swatch Group го објави својот прв годишен раст од пред четири години

Швајцарскиот производител на часовници „Swatch Group“ го оствари првиот раст на годишната добивка од пред четири години, откако компанијата го зголеми својот удел на пазарот на евтини часовници благодарение на растот на нејзините брендови „Tissot“ и „Swatch“, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка се зголеми за 25 отсто на 1 милијарда франци (1,1 милијарди долари), се вели во соопштението на компанијата. Аналитичарите очекуваа 990 милиони франци.

Од „Swatch“ рекоа дека има „голем раст“ во уделот на пазарот во средниот сегмент и во основниот модел.

„Swatch“ е еден од ретките производители на часовници од ниска класа, кои бележат раст. Повеќето конкуренти на компанијата се борат со падот на побарувачката, откако „Apple“ стана најголемиот бренд за часовници во светот.

„„Swatch Group“ најверојатно заработува удел во нискиот сегмент, кој ги привлекува традиционалните производители на кварцни часовници, кои излегуваат од него“, коментира Џон Кокс, аналитичар во „Kepler Cheuvreux“.

Приходите од продажба на „Swatch Group“ се зголемија на 7,96 милијарди франци. Ако се исклучат девизните флуктуации, растот е 5,8%, што ја надминува прогнозата на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, за 4,5% раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП