13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеко останува во Рома, но Емерсон заминува во Челзи

Џеко останува во Рома, но Емерсон заминува во Челзи

Трансферот на Един Џеко во Челзи конечно се распадна. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ одлучи да го доведе Оливие Жиру од Арсенал и се откажа од босанскиот репрезентативец. Главниот проблем во текот на преговорите се покажа желбата на Џеко да добие долгорочен договор од 18-те месеци кои му ги предложи Челзи.

Медиумите во Италија открија дека напаѓачот ја прифатил ситуацијата и нема ништо против да остане во Рома, уште повеќе што неговото семејство се чувствува одлично во „Вечниот град“.

Првичната идеја на Челзи беше да ги земе во комплет Џеко и левиот бек Емерсон Палмиери за 50 милиони евра. Потоа, „сините“ од Лондон одлучија да го доведат само Бразилецот. Договорот ќе донесе 20 милиони во касата на „волчицата“.

Емерсон се очекува на „Стемфорд Бриџ“ денес за медицински прегледи, по што ќе потпише договор со тимот на Антонио Конте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП