2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе поклопија коцките за трансферот на Обамејанг

Се поклопија коцките за трансферот на Обамејанг

Арсенал и Борусија (Дортмунд) во принцип се договорија за трансферот на Пјер Емерик Обамејанг на „Емирати“, но еден услов од страна на германскиот клуб го одложува и комплицира завршувањето на трансаферот.

„Жолто-црнците“ рекоа дека ќе го ослободат Габонецот, откако ќе го најдат негов заменик. За да се случи ова, се формира транспарентна сложувалка, која, исто така, вклучува и трет клуб – Челзи.

Борусија првично сакаше да земе напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру, кој сепак не сака да се пресели во Германија. За сметка на тоа Французинот е искушуван од понудата на Челзи и изгледите да остане во Лондон и да игра за градскиот ривал. Венгер во принцип не е склон да го продаде Жиру на директен конкурент, а и во моментов Челзи нуди едвај 15 милиони плус бонуси за напаѓачот. Арсенал го проценува Жиру до 30 милиони евра.

Венгер сепак најверојатно ќе се согласи да го пушти напаѓачот во Челзи, бидејќи тоа ќе ги отвори вратите на Миши Батшуај за трансфер во Борусија (Дортмунд). Според информациите на „Стемфорд Бриџ“ веќе се согласиле да го пуштат Белгиецот на позајмица во Дортмунд, но пак од своја страна чекаат трансферот на Жиру да биде финализиран. Кога тоа ќе се случи, кругот ќе се затвори и сите три зделки може да се завршат.

Обамејанг ќе потпише за 3,5 години со Арсенал и ќе стане највисокоплатениот играч на клубот со плата од 180.000 фунти неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП