10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал го продава Жиру на Челзи за 35 милиони фунти

Арсенал го продава Жиру на Челзи за 35 милиони фунти

Лондонските клубови Челзи и Арсенал ги продолжуваат преговорите за евентуален трансфер на францускиот напаѓач на „топџиите“, Оливие Жиру на „Стемфорд Бриџ“.

Според информации на „Дејли Меил“ Арсенал е подготвен да го пушти Жиру кај конкурентот за сума не помала од 35 милиони фунти.

Во лицето на Жиру во Челзи го гледаат таканаречениот висок напаѓач. „Сините“ посакуваа да го доведет Един Џеко од Рома, но овој трансфер е не се реализираше. Предностите на Жиру се дека не е беше дел од Лигата на шампионите и ако дојде до реализирање на договорот, тој ќе може да му помогне на Челзи во дуелот со Барселона од 1/8-финалето.

Разговорите со Челзи ја објаснуваат неподготвеноста на Арсенал да го вклучи Жиру во договорот со Борусија Дортмунд за Пјер Емерик Обамејанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП