2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Дортмунд им здодеа од чекање – Обамејанг се враќа во игра

Во Дортмунд им здодеа од чекање – Обамејанг се враќа во игра

Од Борусија (Дортмунд) индиректно потврдија дека преговорите за продажба на Пјер Емерик Обамејанг се во ќорсокак и очекуваниот трансфер во Арсенал веќе од далеку не е сигурен.

Напаѓачот беше вклучен во тимот за домашниот натпревар против Фрајбург во претстојниот круг од Бундеслигата. За споредба, Обамејанг не се најде на листата за изминатите два натпревари на „жолто-црните“, откако се очекуваше секој момент тој да тргне кон Лондон.

„На тренинзите оваа недела Пјер Емерик беше концентриран и се однесуваше како професионалец“ – изјави тренерот на Борусија Петер Шрогер. „Имам впечаток дека тој е подготвен да настапи против Фрајбург. Затоа, се разбира, сакам да ја искористам неговата класа“.

Пред една недела, Арсенал понуди 45 милиони фунти, но од „Signal Iduna Park“ сакаат 60 милиони, што за сега е пречка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП