19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Мурињо потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потпиша нов договор со англискиот гигант, објавија на официјалниот сајт на „црвените ѓаволи“. Новиот договор ќе го задржи португалскиот стратег на „Олд Трафорд“ до 2020-та година, и постои можност за уште една сезона. Стариот договор на Португалецот со клубот истекува во 2019-та година.

Мурињо, кој денеска наполни 55 години, ги прзеде „црвените ѓаволи“ во летото 2016-та година, наследувајќи го Холанѓанецот Луис ван Гал.

Мурињо стана првиот менаџер во историјата на клубот, кој успеа да освои трофеј во својата прва сезона на чело на тимот. Во сезоната 2016/2017 Манчестер Јунајтед го освои Лига купот на Англија и Лига Европа. Во моментов Манчестер Јунајтед го зазема второто место на табелата во Премиерлигата, 12 поени зад лидерот Манчестер Сити по 24 одиграни кола.

„Црвените ѓаволи“, исто така, играат на уште два фронта – Лигата на шампионите и ФА Купот.

Португалецот го потпиша новиот договор во присуство на извршниот директор на клубот Ед Вудворд.

„Жозе веќе постигна многу како менаџер на Манчестер Јунајтед и јас сум многу среќен што тој се согласи да ја продолжи соработката со клубот барем до 2020-та година. Неговиот професионализам и работоспособност се исклучителни и тој ја реализираше желбата на клубот да се наметнуваат млади играчи од топкласа во првиот тим. Тој прави сè со енергија и целосна посветеност и јас сум сигурен дека ќе продолжиме да носиме резултати на навивачите и клубот “, рече Вудворд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП