„Snap Inc.“ објави дека корисниците на „Snapchat“ наскоро ќе имаат можност своите објави да ги споделат и на други друштвени мрежи.
Ова без сомневање претставува потег со цел корисниците да бидат заинтересирани за продолжување на користење на „Snapchat“ и со цел да се спречи повеќе од нив да мигрираат на „Instagram“ и други сервиси. „Snapchat“ сега на корисниците им даваат можност да ги споделуваат своите објави на „Twitter“ и „Facebook“, доколку ги имаат поврзано со тие сервиси.
Алтернативно, корисниците ќе можат да испраќаат и линкови, преку „e-mail“ или текстуални пораки, корисниците кои не се приклучени на ниту една од овие платформи, а линковите ќе може да ги отворааат на своите интернет прелистувачи.
Споделувањето на „Snapchat“ содржините на други друштвени мрежи ќе стартува од среда, а на сите ќе им биде достапно во текот на наредните недели.