21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано заминува само за Нејмар или ... Де Геа!?

Кристијано заминува само за Нејмар или … Де Геа!?

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се чини убеден во својата одлука да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото, пишува „АС“. Дестинацијата што ја сака е Манчестер Јунајтед.

Од клубот, сепак, не се подготвени толку лесно да се разделат од својот предводник во последната деценија. Според „АС“, Флорентино, Перез ќе го пушти Роналдо само ако ги обезбеди услугите на Нејмар. Бразилскиот волшебник го маѓепса претседателот на ПСЖ, кој одбива да преговара за разделба со Нејмар.

Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека Перез има силен адут: Кристијано. Португалцот е сонот на Шеикот веќе со години, и двете страни би можеле да се договорат за размена. Така, „Кралскиот клуб“ може да се обиде да го искористи својот лидер како „ас во ракавот“ во обид да стигне до Нејмар.

Каталонскиот весник „Спорт“, исто така, има уште една опција за трансфер на Кристијано. Според извори на весникот шефот на „кралевите“ би го пуштил Роналдо во Манчестер, за да ги обезбеди правата на Давид де Геа. Шпански радио „Кадена Сер“ тврди дека од „Бернабеу“ го известиле Де Геа дека ќе се обидат повторно да го доведат во текот на летото. Клубот контактираше со неговиот агент, Хорхе Мендеш, кој исто така го претставува Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП