3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОфицијално: Galaxy S9 пристигнува на 25-ти февруари

Официјално: Galaxy S9 пристигнува на 25-ти февруари

Компанијата „Samsung“ и официјално објави дека моделот „Galaxy S9“ ќе го претстави на 25-ти февруари. Поканите веќе се испратени за настанот кој ќе се случи во Барселона, а од корејската компанија ја потенцираат новата камера на телефонот. Во исто време се појавија и првите фотографии од уредот.

Во јавноста се појавија фотографии од „Galaxy S9+“ со заштитна маска, а слично се случи и минатата година со моделот „S8“. Се покажа дека тие рендери се точни, па така може да се очекува истото да се случи и овој пат.

Моделот „S9+“ тука е во две бои – сива и сребрена орхидеја. Од предната страна телефонот  незначително се разликува од својот претходник, а на задната се наоѓаат двете камери и сензорот за отпечаток на прстот.

„Samsung“ ќе претстави два модели – „S9“ и „S9+“ при што се шпекулира дали ќе ги задржи истите димензии како минатогодишниот модел од серијата „S“, со заоблен екран без рабови, со камера со појака оптика (f/1.5), стерео звучници и побрз процесор.

Исто така се очекува камерата да снима супер „slow-motion“ видео од 480fps со 1080p.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП