24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го потврди ажурирањето на Oreo за девет Honor телефони

Huawei го потврди ажурирањето на Oreo за девет Honor телефони

„Huawei“ уште во октомври објави кои уреди ќе го добијат интерфејсот „EMUI 8.0“ базиран на „Oreo“, а сега одделението за „Honor“ ја објави својата листа на уреди кои ќе го добијат најновиот „EMUI“. Иако надоградбата се уште е во развој, се знае дека таа ќе пристигне на следниве телефони:

„Honor 7X“, „Honor 8“, „Honor V8“, „Honor Note 8“, „Honor 8 Lite“, „Honor 9“, „Honor 9 Lite“, „Honor 8 Pro/Honor V9“ и „Honor View 10/Honor V10“.

Претставник на „Honor“ на „Huawei Club“ онлајн форумите го потврди пристигнувањето на надоградбата, но истакна дека некои уреди можеби нема да ги добие сите „EMUI 8.0“ функции, поради разликата во хардверските перформанси. Претходно се споменуваше дека „Honor 8“ можеби нема да добие ажурирање, но одделението „Honor PR“ потврди дека „EMUI 8.0“ ќе биде пренесен на „Honor 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП